Данило Луис да Силва ва лето од Манчестер Јунајтед дојде во Јувентус. Тој со Португалецот играше заедно во Реал Мадрид, а сега ја дели и соблекувалната во Торино.

Бразилскиот бек открива дека Роналдо му рекол дека Бразил ќе освоел уште пет титули доколку тој игра во дресот на оваа земја.

„Со Роналдо се познаваме уште од Реал, убаво е повторно да се игра со него. Еднаш ми порача дека ќе освоевме уште пет светски титули доколку тој играше за Бразил“.

Бразил има освоено најмногу светски титули од било која друга светска нација, има пет трофеи, додека Италија и Германија имаат по четири.

Роналдо нема титула со Португалција, во 2016 го освои ЕП и за својата земја има постигнато 98 погодоци.