Албанија денеска го отвори новиот стадион во Тирана против светскиот првак Франција. Меѓутоа Французите го расипаа славјето, победувајќи со 0:2 со головите на Толисо и на Гризман.

Франција и пред ова беше пласирана на ЕВРО, а Албанија ќе чека друга шанса. Турција ја совлада Андора со 0:2 на гости. Два гола постигна Унал.

Исланд немаше проблеми против Молдавија и ги совлада со 1:2.