Во моментов е трката во Валенсија од Мото ГП шампионатот, а на патеката, поточно надвор од неа се случи инцидент. Имено на иста кривина излетаа тројца возачи, а најдебелиот крај го извлече Јоан Зарко кој заврши во болница. Прво Петручи излета на кривата број 6, неколку круга подоцна и Зарко излета на истатат кривина. Тој стана и почна да се движи но не забележа дека по него и Лекуна излета од патеката. Моторот на Лекуна почна да се движи и го удри Зарко кој се преврте… На возачите веднаш им беше укажана лекарска помош и според информациите сите се добро.