Македонската женска кошаркарска репрезентација го запиша вториот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година, на домашен терен беше совладана од Летонија со убедливи 39-98 (4-25, 7-21, 19-27, 9-25). Впечатокот не го поправивме, постигнавме помалку поени од првата средба.

Победникот на оваа средба беше решен уште во воведните минути. Летонките поведоа со 12-0 во првите пет миниту, Стојановска ги запиша првите поени за Македонија од линијата за слободни фрлања. Овој овој период успеавме да постигнеме само уште два поени и тоа од игра, кои беа дело на Илина Селцова.

Во очајно слабата игра и во нападот и во одбраната, селекторот Владимир Ѓоровиќ остана без услугите на Стојановска која поради две намаерни лични грешки ја заврши средбата.

По одморот одигравме нешто подобра четвртина, но тоа не промени ништо во играта.

Селцова беше нашиот прв стрелец, постигна 11 поени, Кметовска имаше осум поени. Статистиката може да ја видите на овој ЛИНК. 

Македонија останува едниствената селекција во групата без победа по две кола. Следните квалификациски натпревари ги играме во ноември 202о година.