Многу транспаренти се појавија денеска низ Приштина пред гостувањето на Англија. Еден од нив беше: „Косово и Англија надвор од ЕУ, ама заедно на ЕП2020“.

Англија веќе се пласира на ЕП, а Косово има шанса само преку Лигата на Нации. А, таму противник е Македонија. Овие транспаренти значат дека фановите на Косово се убедени на поминување понатаму и пласман на ЕП.

Беа блиску преку квалификациите, меѓутоа со поразот од Чешка и дефинитивно ги загубија сите шанси. Инаку Англија денеска го совлада Косово со 0:4.