Губиш „леташ“ oд работа, победуваш пак „леташ“… Тешка е тренерската работа… Оваа бизарна приказна ни доаѓа од Италија, а се случило после натпреварот помеѓу јуниорските тимови на Инвиктасауро и Марина Калчо. Инвиктасауро победиле со 27:0, а веднаш по мечот претседателот на победничкиот клуб Паоло Брогели го повикал тренерот Ричини и му врачил отказ.

Добро е да се победува но треба и да се почитува противникот, а не вака да се понижи. Немавме никаква почит денеска. Како претседател им се извинувам на сите во клубот Марина. Јас и моите соработници решивме да го отпуштиме тренерот Ричини. Нашите тренери имаат обврска да ги тренираат младите играчи, но пред се да ги едуцираат. Тоа не се случи денес“, изјави Брогели.