Елиф Елмас пред вчерашниот дуел со Австрија во рамките на квалификациите за пласман на ЕУРО 2021 година доби лоши вести. Неговиот тим Наполи излезе со соопштение дека македонскиот репрезентативец ќе биде казнет оти не ја почитувал забраната за давање на изјави во медиумите.

Засега не е позната санкцијата која челниците на клубот ќе му ја доделат на Елмас, кој пак доби огромна поддршка од фановите на тимот од Неапол.

„Вие сте сра*е и кловнови, време е да го продадете клубот, да го дадете на некој што сака да работи. Го казнувате фудбалерот кој игра со срце“.

Се огласија и фановите на Фенербахче, побараа Елмас да се врати назад во Турција.

Коментарите може да ги прочитате на линкот во продолжение….