Славниот француски одбојкарски стручњак Филип Блан деновиве дели одбојкарски лекции во Скопје на тренерскиот ФИВБ семинар од највисокото ниво 1 во организација на Одбојкарската федерација на Македонија во соработка со Македонскиот олимписки комитет.

Стратегот со четиридецениско искуство полно со големи успеси на 38 тренери, од кои седуммина странци им одржа предавања на три теми: што е фундамент на одбојкарската игра, кои се главните принципи на одбојкарската игра и баланс меѓу одбрана и напад.

Курсот е на највисоко едукативно рамниште според критериумите на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ).