Селекторот на македонскиот национален тим Игор Ангеловски, на официјалната прес-конференција пред мечот со Израел истакна дека можноста да се биде на третото место требад а биде мотив, а не притисок за играчите, и дека репрезентацијата заслужува да биде на крајот третопласирана според прикажаното во квлаификавиите.

„Сите посакуваме да има поддршка. Се радувам што на последните мечеви стадионот беше исполнет, и фудбалерите вратија на најдобар начин. Максимално сме подготовени, да излеземе на терен и да ги израдуваме сите.

Секој натпревар е различен, така и ние и Израел се подготвува тактички или индивидуален карактер да изненади. Бевме заедно и минатите квалификации. Нивниот главен адут е Захави, еден од водечките стрелци. Тука е Дабур. Таа навална линија е доста опасна, но како и секој тим имаат свои слабости.

За проблеми не би сакал да зборувам, од она што го имам на располагање ќе се трудам да го извадам. Можноста да бидеме трети на табелата не треба да биде притисок, туку мотив. Фудбалерите завршија да завршат трети. Одиме на победа утре“, рече селекторот Ангеловски.