Утревечер на Арената „Тодор Проески“ играат Македонија и Израел, но во таа земја речиси никој да не го интересира тоа што ќе се случува во Скопје.

Да, во Израел „владее“ фудбалска треска, но не за Захави, Натхо и другите, туку за Меси и другарите. Вечерва во Тел Авив во пријателски натпревар се среќаваат Аргентина и Уругвај. Тоа ќе се биде дуел меѓу првите ѕвезди на Барса, Меси и Суарез. Таму, во Светата земја се е во знакот на „малиот“ генијалец, дочекан е како што доликува, како супер – ѕвезда. 

Пристигнувањето на Меси и неговите соиграчи може да го видите и на овој ЛИНК.