Во овој момент македонската фудбалска репрезентација го одработува последниот тренинг пред утрешниот последен квалификациски натпревар против Израел. Можеше да се забележи дека на тренингот ги нема Стефан Спировски, Алекс Трајковски и Марио Младеновски, со што тие и дефинитивно отпаѓаат за утрешната пресметка. Сите отпаѓаат поради повреди.

Спировски го одигра мечот со Австрија, но се пожали на повреда, а и вчера не тренираше. Трајковски мораше да биде сменет во 12. минута поради болки во зглобот. Младеновски, пак, на полувремето се пожалил на болки во препоните, и мораше да биде заменет.

На денешниот тренинг се појави Спировски, но истиот го проследи од страна, односно не учествуваше во него.