Најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите во машка и женска конкуренција следната сезона не само што ќе добие нов натпреварувачки формат, туку и нови топки.

ЕХФ денеска официјално ги претстави новите елитни топки кои во употреба ќе бидат пуштени следната сезона, додека оваа ќе бидат промовирани на Ф4 турнирите во Келн и Будимпешта. За мажите топката има три бои сина, зелена и бела, додека за дамите розева, виолетова и бела.

Нов дизајн на топката ќе добие и онаа со која се игра ЕХФ купот и во двете конкуренции, но за разлика од ЛШ таа ќе биде иста боја и дизајн, црвена.