Како што пренесуваат медиумите во Израел, по се изгледа дека мечот со Македонија ќе биде последен за Андреас Херцог, селекторот на таа земја. Имено никој во Фудбалската федерација на Израел не бил задоволен од работата на австрискиот стручњак, посебно не првиот човек на Федерацијата Вили Ротенштајн.

Ако Израел случајно не се пласира во плеј – офот од Лигата на Нации неговиот договор, кој истекува во декември, тешко дека ќе биде продолже. Веројатното петтото место во групата е голем неуспех за Израел и за Херцог. 

Инаку голема е веројатноста Херцог ако не ја победи Македонија веднаш по мечот утревечер на Националната Арена „Тодор Проески“ да биде екс селектор на Израел.