Обременети со заканата за отказ за селекторот Андреас Херцог, но и со желба Захави да биде прв стрелец во квалификациите, израелската експедиција пред два часа слета во Скопје Вечерва од 19 часот на Арената „Тодор Проески“ ќе го одработи вообичаениот тренинг.

Израелците сакаат да го поправат впечатокот, да се обидат да дојдат до трите бода и да не завршат на тоа петто место на табелата. Секако дека за такво нешто Македонија се прашува.

Селекторот Херцог има проблеми со повреди, посебно во делот кај одбрамбените играчи.  Кајал заздравe, тој би можел да биде во комбинација. И кога е така, тогаш, како што претпоставуваат медиумите во Израел, Херцог ќе мора да импровизира. Се очекува од него во стартниот состав да ги стави Битон и Тиби.