Последниот противник на Македонија во квалификацискиот циклус за ЕУРО 2020, Израел, вечерва го одработува единствениот тренинг во Арената „Тодор Проески“ каде утре во 20:45 часот ќе се соочи со нашиот национален тим.

И Израелците како и нашите фудбалери сакаат циклусот да го затворат со победа, а најавуваат дека дуелот во Скопје ќе биде многу поразличен од оној пред неколку месеци во Бар Шеева.