Лејкерси без проблем ја совладаа Атланта со 122-101 во ново одлично издание на Леброн Џејмс кој средбата ја заврши со дабл-дабл од 33 поени и 12 асистенции.

Но, потегот на мечот го има Еван Тарнер. Во втората четвртина ја посрамоти ѕвездата на Лејкерс, со одличен дриблинг го „фрли“ Леброн на подот, а потоа реализираше под обрачот.