Српскиот фудбалер Немања Матиќ донирал за изградба на стадион во околината на неговиот роден Шабац. Стадионот има капацитет од 500 гледачи, и ќе се вика „Жозе Мурињо“.

Португалецот има голема улога во кариерата на Матиќ, затоа што го врати во Челзи од Бенфика, а потоа го зема и во Манчестер Јунајтед.

Матиќ често донира во својот роден крај. Често е познат што донира пари за болни деца, и за својот матичен клуб.