Горан Пандев, овој пат, се чини, ќе игра откако го пропушти натпреварот со Австрија во Виена. И тој самиот на прес-конференцијата истакна дека е на располагање, и дека посакува да триумф на последниот меч во квлаификации.

„Јас сум на располагање на селекторот. Последен натпревар, се надеваме дека со победа да ги завршиме квалификациите, и да се плсираме онаму каде што никогаш не сме биле. Имавме неатрактивна, но тешка група. Само против Австрија потфрливме дома, на другите бевме добри. Не успеавме второто место, за жал, и да се пласираме на ЕП, сега одиме да го освоиме тоа трето место“, рече Пандев.