Марчело Липи пред неколку дена се повлече од селекторската функција на Кина. Веднаш почнаа шпекулациите за нов селектор, а засега најсериозен кандидат е искусниот Луис Фелипе Сколари. И Липи и Сколари имаат светски титули во со Италија, односно Бразил.

Сколари е во преговори со кинеската федерација за превземање на селекторската функција.

На Кина не му оди добро во квалификациите за СП, и засега се наоѓа на второто место со седум бодови, или пет помалку од водечката Сирија, но и натаму има шанси за пласман на Мундијалот.