Некогашниот офанзивен играч за врска на германски Вердер во чии редови ги полнеше мрежите на германските бундеслигаши, Андреас Херцог, најверојатно во Скопје ќе го има последниот меч како селектор на Израел. Многумина прогнозираат дека тој ќе го напушти селекторското место по овој квалификациски циклус.

Херцог на вечерашниот тренинг потсети на своите неверојатни голгетерски квалитети. Ја намести топката на пеналтикот и покажа како се изведува пенал. Утре ќе биде само гледач, во се надеваме, новата победа на Македонија која ќе ја однесе нашата репрезентација на третото место во групата.