Фудбалските репрезентации на Швајцарија и Данска им се приклучија на 17-те селекции кои до вчера го имаа обезбедено местото на европскиот шампионат следната година. Во последното коло од групата „Д“, Швајцарија дојде до посакуваната победа на гостувањето кај Гибралтар со 6:1, додека селекцијата на Данска во директната пресметка успеа да остане непоразена во Даблин (1:1) и со тоа да ја елиминира домашната селекција на Р. Ирска која исто така имаше шанси за место на завршницата на континенталниот собир.

Голот за место на ЕП 2020 за Данска беше дело на Мартин Братвајт во 73. минута од мечот. Домашните се вратија во игра за ЕП со голот на Доерти во 85. минута, но тоа не беше доволно за победа.

Швајцарија, пак, без никакви проблеми го растури Гибралтар на гостински терен. Серијата на гостите ја отвори Итен во првиот дел од мечот, а во второто полувреме гостите комплетно го скршија домашниот отпор. За Швајцарија погодија и Варгас (50’), Фастнахт (57’), Бенито (74’), Итен *84’) и Џака (86’), додека единствениот гол за домашните беше дело на Стич во 73’.

ГРУПА „Д“

Гибралтар – Швајцарија 1:6

Р. Ирска – Данска 1:1

Standings provided by Sofascore LiveScore

ГРУПА „Ф“

Малта – Норвешка 1:2

Шпанија – Романија 5:0

Шведска – Фарски О. 3:0

Standings provided by Sofascore LiveScore

ГРУПА „Ј“

Италија – Ерменија 9:1

Лихтенштајн – БиХ 0:3

Грција – Финска 2:1

Standings provided by Sofascore LiveScore