Македонија, односно нашата најдобра фудбалска репрезентација е фаворит во однос на Израел, ако се смета
анализата и сумите на вредноста на играчите кои ги пресметува ТРАНСФЕРМАРКТ. Имено вредноста на четата на селекторот Игор Ангеловски е 57 милиони евра, додека вредноста на составот на Андреас Херцог е 43 милиони евра.

Наш највреден фудбалер секако дека е Елиф Елмас со 17 милиони евра, следува Енис Барди со 15. Додека најскап израелски фудбалер е Мунас Дабур со 15 милиони, следува Захави со 9.5 милиони евра.