Поранешниот чешки фудбалски репрезентативец Мартин Фенин (32) заврши во болница поради сериозни оштетувања на внатрешните органи поради употреба  на алкохол и нездравиот живот. Засега не е познато за што точно се работи, а низ чешките медиуми се шпекулира дека се работи за болести на црниот дроб и бубрези предизвикани од прекумерна употреба на алкохол и дека докторите ги преземаат сите мерки за да го излечат. Самата фотографија од болничкиот кревет на Институтот за срцеви заболувања и трансплатација на органи го кажува тоа.

Инаку неговиот колега од репрезентацијата Павел Хашек призна дека Фенин е алкохоличар, а иако го советувал да побара помош во врска со тоа, тој одбивал се додека здравјето не му се влошило.

Фенин играше за многу познати клубови во Чешка но и надвор од неа. На пример беше напаѓач на Теплице и Славија Прага, а надвор играше за Ајтнрахт Франкфурт и Енерџи Котбус од Германија и Истрес од Франција.

Еднаш за локалните медиуми изјави дека подобро се чувствува во кафеана отколку на фудбалските терени.

Инаку тој има 16 натпревари за чешката репрезентација во периодот од 2007 до 2011 година и беше дел од составот за ЕП 2008 година. Со чешката репрезентација до 21 година во 2007 година играше во финалето на Светското младинско првенство.