Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски застана во одбрана на репрезентативецот во дресот на Наполи, Елиф Елмас, кој заработи клуска казна од Наполи затоа што зборувал со медиумите без дозвола на клубот. Во интервју за радиото Пунто Ново, селекторот истакна дека според него играчот од средниот ред не кажал ништо лошо за да добие казна од клубот.

„Не е за мене да ја коментирам одлуката на Неапол, но искрено верувам дека не беше точно. Елмас е професионалец и кога доаѓа во националниот тим, новинарите го прашуваат за неговото искуство во Наполи и мислам дека тој не рече ништо лошо. Според мене одлуката е погрешна, но Елиф ја прифати со голем професионализам. Знам како момчето зборува за градот Неапол, за неговиот народ и клубот, тој е многу среќен што е таму, но за мене тоа е погрешна одлука за клубот“, изјави Ангеловски и додаде:

„Елмас не беше разочаран, тој има многу силен карактер. Мислам дека не се чувствува повреден од комуникацијата на Неапол. Тој е млад човек со многу јасна личност, но тој е професионалец и како таков има право да одговара на прашања на новинарите кога е во националниот тим. Елиф не се чувствува казнет.“

Што се однесува до позицијата која Елмас ја има во очите на Анчелоти, популарниот Мрме вели:

„Можев да кажам дека многу верувам во него и дека за мене тој секогаш би бил прв избор. Но, г-дин Анчелоти е тој што одлучува кој игра, а кој не. Елиф има одличен квалитет и тој може да биде лидер на тим како Наполи, тоа го покажа кога беше повикан да игра оваа година, но последната одлука сепак останува на Анчелоти.“