Во пресрет на вечерашниот дуел меѓу Полска и Словенија, кој и нас ни е интересен и ќе навиваме за домашната селекција, а медиумите во Полска потсетуваат на една изјава на Јан Облак, по септемвриските 2:0 за Словенија.

Тогаш Облак кажал дека повеќе за уморил од давање изјави и автограми отколку од самиот натпревар со Полска. На тоа медиумите во Полска просто „збеснаа“, а деновиве ја актуелизираа таа изјава.

На ова свој коментар имаше Јиржи Бержичек, селекторт на полската репрезентација.

„Облак е голман од светска класа, за неговите квалитети не треба да се трошат зборови. Но очигледно дека нешто му недостига во карактерот. Само нека дава такви изјави. Можеби затоа ние ќе играме на ЕВРО 2020, а тој и Словенија ќе го гледаат пред ТВ екраните“.