КРАЈ НА МЕЧОТ! Македонија ја задржа предноста, а Израел во вториот дел беше безопасен по нашиот гол и не успеа да дојде до израмнување. Поблиску беше Македонија до втор гол, од што Израел до изедначување. Сосема заслужена победа за нашата селекција

82’ – Добра шанса за Костадинов за деби гол. Нафрли Аврамовски од левата страна, Харуш одби до Костадинов, но шутира само крај голот

🔁 79’ – Излегува Пандев кој добива аплаузи од трибините, на негово место Аврамовски

65’ – Напаѓа Македонија, Елмас во одлична прилика, но голманот на Израел Харуш уште еднаш одбрани, а од одбиената топка Николов само во блокот

🔁 61’ – Измена во Македонија. Излезе Стојановски, на негово место Несторовски на теренот

54’ – Николов!!! Беше блиску до втор гол, меѓутоа одлична одбрана на Харуш и не дозволи 2:0

50’ – Бомба на Натхо од 35 метри, но по средината на голот, и внимателен е Димитриевски кој одбрани во корнер

47’ – Стојановски во шанса, одлично се ослободи од својот чувар, но шутот е над голот

46’ – Почеток на вториот дел. Без измени во двете селекции на полувремето

КРАЈ НА ПРВИОТ ДЕЛ

45’ – 1-0  ГООООООЛ!!!! КОНЕЧНО ГОЛ. После бројни шанси Македонија поведе. Сосема заслужено. Барди изведе корнер, Израелците кратко одбија, а Николов ја испрати топката во мрежата.

43’ – Бобан Николов шутна од далечина, а топката помина неколку сантиметри покрај голот.

37’ – Енис Барди изведе слободен удар, а топката заврши во пречката!!!

32’ – Корнер за Македонија, топката паѓа на петереот каде Елмас шутира, а израелскиот голман одбрани па соиграчите ја исфрлија топката во корнер.

29’ – Барди доби жолт картон поради груба игра. Судијата Паоло Валери не се двоумеше и веднаш му покажа картон на нашиот репрезентативец кој не му дозволи на противникот да ја испрати топката напред.

17’ – Тихомир Костадинов се најде во шанса но шутна по земја покрај голот. Новиот играч на македонската репрезентација го игра само вториот натпревар во А репрезентацијата, а прв во Скопје.

2’ – И втора шанса за Македонија. Овој пат Елмас одлично се проби, стигна до десетина метри од каде наоѓа дупка низ одбраната на Израел, шутира, а Харуш избива во корнер

1’ – Одличен старт за Македонија, Барди во прилика, од дваесетина метри шутира, топката профуче крај голот на Израел

1’ – Почеток на натпреварот

20:44 – Вечерва на трибините се селекторот на Косово Бернар Шаландес во друштво на првиот човек на косовската Фудбалска федерација. Тие се тука да ја скенираат Македонија затоа што на 26 март ќе игра токму со нас во полуфиналето на Лигата на нациите.

20:30 – Римјанинот Паоло Валери е главен судија на овој натпревар. Човекот кој од 2011 година е со знакот на ФИФА, а од 2007 година суди натпревари од Серија А како и натпревари од европските купови. Тој беше ВАР судија на Светското првенство во Русија, а во 2018 прогласен за најдобар судија во Италија. Исто така беше ВАР асистент на Азискиот куп 2019.

19:45 – Излегоа официјалните состави на двете селекции. Еве како изгледаат низ графика на „Спортмедиа“:

19:32 – Македонија вечерва може да се пласира на високото трето место. Тоа би било најдобар пласман до сега во сите квалификации. Повеќе детали на следниот линк:

„Рисовите“ во атак на тоа трето место: Само напред…

19:30 – Во досегашните натпревари на домашен терен, Македонија нема победа над Израел. Време е таа негативна традиција да се сруши.

Го дочекуваме по четврти пат: Ќе падне ли конечно тој Израел во Скопје!?

19:00 – Ви претставуваме бројки пред денешниот натпревар меѓу Македонија и Израел:

Бројки: Македонија вечерва го игра 233-иот натпревар, Пандев ќе брои по 108-ми пат!

19:00 – Можниот состав за нашата селекција:

Мрме со формација 4-2-3-1: Нестор на клупа, Влатко во шпицот!!!

19:00 – И натаму постојат шанси за третото место за Македонија, со победа над Израел, и пораз на Словенија од Полска во Варшава.

Табелата во живо:

Standings provided by Sofascore LiveScore

19:00 – Добровечер од Националната Арена „Тодор Проески“, каде вечерва Макеоднија ќе го игра натпреварот од последното квалификациско коло од европските квалификации против Израел