Вечерва од 20:45 часот, на Арената Тодор Проески, го дочекуваме Израел во последниот меч од квалификациите за ЕВРО 2020. Не криеме дека сакаме да завршиме најмалку на четвртата позиција, за третото место ќе ни треба помош и од Полска, но поважно е како ние ќе одиграме, дали ќе можеме да ја урнеме таа страшна традиција за нас кога станува збор за дуелите со Израел, на кои ние сме домаќини.

За неверување е дека досега на сите три средби со оваа селекција во Скопје, сме биле поразени. На сите сме давале голови, но и сме примале еден повеќе. Се чини дека вечерва е конечно време да падне тој Израел во Скопје. Во 2002 година во пријателски меч сме загубиле со 2:3, потоа во 2007 во квалификациски меч за ЕП 2008, загубивме со 1:2, а последениот пораз дома го имаме во 2016 кога исто така загубивме со 1:2. На овој последен меч, нашата репрезентација ја предводеше актуелниот селектор Игор Ангеловски