Квалификацискиот меч меѓу младите репрезентации на Фарските Острови и Македонија, кој попладнево требаше да се одигра во Торшавн дефинитивно е одложен.

На Техничкиот состанок во пресрет на мечот денеска судиите и делегатот констатирале дека нема услови за игра по контролата на теренот која била направена. Уште вчера еден дел од теренот бил замрзнат, па нашата селекција едвај одработи 40-минутен тренинг.

Мечот е одложен за јуни следната година, а трошоците ќе ги плати Федерацијата на Фарски Острови затоа што ФФМ уште пред две недели побарале одложување на натпреварот, но домаќинот не се согласил.