Македонскиот ракометар Дејан Манасков запиша јубилеј во дресот на унгарски Веспрем вечерва на мечот со српска Металопластика во рамките на СЕХА лигата. Унгарскиот гигант победи со 36:29, а Деки на мечот постигна два гола но доволно за да ја достигне границата од 300 голови во дресот на Веспрем.

Освен него јубилеј прослави и Драган Гајиќ кој стигна до 600 голови во дресот на Веспрем.