Златан Ибрахимовиќ во следниот месец ќе биде слободен играч, неговиот договор со ЛА Галакси истекува, а според информациите тој ќе се врати во Европа и тоа во Серија А.

Милан и Болоња се двата тима кои се во трка за услугите на шведскиот напаѓач.

Ибрахимовиќ дресот на „росонерите“ го носеше во периодот од 2010 до 20212 каде потоа замина во дресовите на ПСЖ. Токму поради бројните шпекулации околу неговата кариера во јавноста се огласи Тијаго Силва.

Призна дека Златан поради него го напушти Милан.

„Ми се јави Ибрахимовиќ и ме праша дали навистина одам во ПСЖ. Му ја потврдив веста, му кажав дека потпишав договор. Му рече дека не се шегува, ако го лажам ќе дојде ќе ми се одмазди, потоа додаде: Ако не одиш ти во ПСЖ, нема да потпишам ниту јас. Неколку дена подоцна двајцата се најдовме на тренинг на францускиот тим“, рече Силва.