Поранешната ракометарка на Вардар, Андреа Лекиќ денеска направи операција на увото. Повредата неѓе настаната од удар за време на натпреварот во ЛШ помеѓу ЧСМ Букурешт и Ростов.

Лекиќ со тоа ќе го пропушти престојниот Мундијал за ракометарки во Јапонија кој е на програмата од 30 ноември до 15 декември. Нејзината земја Србија е во група со Ангола, Норвешка и Словенија.

Поради операцијата, ќе мора да мирува најмалку три недели, а тоа ќе значи дека ќе мора да го пропушти Мундијалот. Инаку оваа повреда која ја заработила е ретка во спортот, но се добива од механичка сила (удар, пукање на експлозив во близина или пиротехнички средства).