Стрелецот на победничкиот гол против Израел Бобан Николов е пресреќен од освојувањето на историското трето место во квалификациите истовремено е и разочаран затоа што смета дека оваа селекција можеше и до директен пласман, а пресудни биле поразите од Полска и Австрија на домашен терен. Сепак, вели дека едвај го чека март (мечот со Косово во ЛН) каде ќе даде се од себе да ја однесе Македонија на Европското првенство.

Успех е третото место, но искрено можевме да стигнеме и до тоа второ место и директен пласман но тоа е што е. Оваа победа ни дава самодоверба за она што претстои, за мечот со Косово. Има уште многу до тогаш, но сонувам да играм на Европско и едвај чекам да дојде март. Најважно е сите да бидат здрави и живи и да немаме вакви проблеми како што ни се случија сега, затоа што секој играш е важен во оваа репрезентација. Третото место е заслужено после сето тоа што го покажавме, а одлучија некои ’ситници’ како поразите од Полска и Австрија дома не исфрлија од директен пласман“, изјави македонскиот репрезентативец кој игра во Мол Фехервар.