Излегоа официјалните состави за вечерашниот дуел меѓу Македонија и Израел. Македонската селекција стартува со оние 11 кои „Спортмедиа“ ги најави уште пред неколку часа. Во нападот почнува Стојановски, а ќе му помагаат Пандев и Елмас. Во средината Барди, Костадинов и Николов. После долго време во одбраната играме со четири, и тоа Ристевски, Ристовски, Муслиу и Велковски.

Кај Израел, пак, според УЕФА ќе игра 3-4-3, а секако опасноста се знае од каде доаѓа – Захави. Во средниот ред е Натхо, а во одбраната Битон.