Капитенот Горан Пандев истакна задоволство од играта низ целиот циклус квалификации и смета дека оваа генерација има сила да обезбеди учество на Европско првенство.

„Мислам дека низ целите квалификации одигравме одличен фудбал. Некој на почеток да ни понудеше трето место, ќе прифатевме. Ако сакаме ЕП, мора да се добијат фаворитите. Ние загубвивме од Полска и Австрија дома и тука се намалија шансите. Сега не чекаат март натпревари во Лигата на Нации. Оваа гнеерација заслужува да игра на големо натпреварување.

Сакам во март сите да бидеме здрави, комплетни, знаеме дека ќе имаме поддршка од публиката. Играме со квалитетна репрезентација, но оваа генерација има квалитет да се спротивстави и да обезбеди учество на ЕП“, изјави Пандев.