По првите 45 минути на Арената, на мечот меѓу Македонија – Израел, резултатот е 1:0. Имавме неколку шанси. Барди од слободен удар ја погоди пречката, потоа Елмас во два наврати имаше идеални можности, своја шанса имаше и Костадинов, но голот дојде во судискотото продолжение кога Николов по една мешаница успеа да го пронајде патот до мрежата на гостите. Па мораше по 5-6 шанси да дојде и тој гол.

Македонија на моменти игра добро, доминира на теренот, создава лесно шанси, но на моменти Израел го има поседот на топката. Интересно беше што уште во 57 секунда преку Елмас  можевме да поведеме. Но сепак Николов стави печат на полувремето за 1:0 за Македонија.