Историско трето место во квалификациска група за нашата репрезентација. Ние си го победивме Израел, Полска ни „помогна“ со тие 3:2 над Словенија, значи се е како што треба во последното 10.коло од квалификациската Група Г за нас. Македонија заврши веднаш зад Полска и Австрија, а пред Словенија, Израел и Летонија. Ова е далеку подобар пласман од минатите квалификации. Оваа репрезентација покажа дека расте, веруваме дека така ќе биде и во март, кога играме со Косово во баражот во Лига на Нации.

Ова Македонија покажа дека можеме и смееме да се надеваме на нешто големо, на нешто историско, на пласман на ЕВРО 2020.

И уште еднаш, Македонија заврши на трето место во квалификациска група, како никоја генерација досега во изминатите 24-25 години.

Честитки…

 

Standings provided by Sofascore LiveScore