Завчера во Тирана, на отворањето на новиот стадион „ЕР Албанија“ првиот човек на ФФМ Муамед Сејдини, оствари средба со претседателот на УЕФА Александер Чеферин. Во пријатен разговор, Сејдини го запозна Чеферин за актуелните  случувања во мак-фудбалот, секако и за идните проекти на Фудбалската Федерација. Чеферин притоа напоменал дека УЕФА секогаш ќе биде од помош за ФФМ на тој план. Исто така Чеферин му посакал многу среќа на Сејдини на претстојните настапи на нашата фудбалска репрезентација.

Инаку претседателот на ФФМ Муамед Сејдини, заедно со Дејан Савичевиќ од Фудбалската федерација на Црна Гора, беше специјален гостин на Фудбалската федерација на Албанија по повод отворањето на новиот стадион во Тирана.