Голем успех на нашата млада репрезентација до 19. години, која избори пласман во елитната фаза од квалификациите за пласман на ЕВРО. Попладнево на ФФМ, Македонија со 3:0 го победи Луксембург и поради подобра гол разлика од БиХ заврши на втората позиција на табелата во Групата 11.

Браво момци…

Инаку во првиот дел имавме доста среќа, гостите од Луксембург имаа неколку шанси, за наша среќа не погодија. Казната стигна на другата страна и тоа во последните мигови од полувремето. Прво Тошевски во 44.минута стрелаше за 1:0 за нас, додека Воша во судиското надополнување зголеми на 2:0.

Во вториот дел нашите надежи тргнаа уште по некој гол, имаше и сомнителна ситуација за пенал за нас. Од друга страна Луксембург од контри се обидуваше да дојде до погодок.

И се така до 80. минута кога Мурати зголеми на 3:0. Гол со кој ние сме во елитната фаза.

МАКЕДОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ 3:0 (2:0)

Стадион на ФФМ. Судија: Ѓорѓи Круашвили (Грузија). Стрелци: Тошевски 44., Воша 45+1., Мурати 80. (МАК). Ж. Картони: Максимов, Елези (МАК), Алмеида, Хелд, Дуарте, Хофман (ЛУК).

МАКЕДОНИЈА: Андов, Јанкулов, Митревски, Ѓурковски, Димовски, Елези, Даути, Мурати, Воша, Максимов, Тошевски.

Играа уште: Мухарем.

ЛУКСЕМБУРГ: Кеуп, Маркес, Сантос, Латик, Хелд, Дуарте, Олесен, Хардал – Хансен, Шмит, Алмеида, Хофман.

Играа уште: Кореира, Џонатанс, Попович.

РЕЗУЛТАТИ – 3. КОЛО – ГРУПА 11

МАКЕДОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ        3:0

АНГЛИЈА – БИХ   4:1

ТАБЕЛА

  1. АНГЛИЈА 3 3      0      0      13:1 9
  2. МАКЕДОНИЈА 3 1 1      1      3:5   4
  3. БИХ 3 1      1      1      2:4   4
  4. ЛУКСЕМБУРГ 3 0 0 3 0:8 0