Андреас Херцог, селекторот на Израел, не беше задоволен од играта на своите избраници во Скопје, особено во нападот.

„На почетокот бев оптимист и мислев дека нападот ќе профункционира како обично, а во суштина ние одигравме најлош меч во тој сегмент. Македонија одигра добро, ние правевме грешки, и противникот заслужено не победи.

Пред плеј-офот мора да поправиме многу работи. Не одигравме добро и сите сме разочарани. Верувам дека играчите го дадоа максимумот, но ако ова е максимумот, тогаш немаме шанси во плеј-офот“, рече Херцог.