Белгискиот репрезентативец Кевин  де Брујн не е задоволен од новиот систем на натпреварување и ждрепка за Европското првенство кое ќе се одржи на 30 ноември.

Ждребот за ЕП е срамота. За мене ова е лажно првенство. Ова е само потврда дека фудбалот е се повеќе бизнис“, изјави Де Брујн.

Тој смета дека е глупаво уште сега многу репрезентации да знаат во која група ќе бидат, а една од тие селекции е токму Белгија која ќе биде во групата Б и дека ќе играат со Русија и Данска кои мораат да бидат во таа група затоа што Копенхаген и Санкт Петербург се домаќини. Бидејќи се работи за репрезентации од втората односно третата силна група, ждрепката ќе им придружи една репрезентација од првата група, а тоа мора да биде Белгија.

Италија, Англија, Германија и Шпанија не можат да бидат таму затоа што се домаќини па мораат да играат дома, а Украина не може да се најде таму поради нарушените политички односи со Русија, па УЕФА не дозволува фудбалски меч помеѓу нив. Па така Белгија автоматски мора да оди во групата Б на ЕП 2020.

ПОВЕЌЕ ЗА ЖДРЕПКАТА ОВДЕ

И