Секако дека нема потреба од еуфорија, но има место за задоволство. Вчера со победата на Израел, нашата најдобра селекција за првпат дојде до историското трето место во едни квалификации. Ќе беше поинаку ако сега славевме пласман на ЕВРО, но реално, кога има напредок, кога нештата одат на подобро, тоа треба да се поздрави.

Македонија овие квалификации, во конкуренција на Полска, Австрија, Словенија, Израел и Летонија заврши на третата позиција. Пласман за поздравување, посебно ако се знае дека во минатото најдобар пласман ни е 4. место. Сме биле и петти, а и последни.

Сега освоивме 14 бодови колку во тие квалификации за ЕВРО 2008, сега сме победиле четири пати, исто како и во тие квалификации, но тогаш игравме во група со седум репрезентации и ги имавме Андора и Естонија во групата.

Овие „баксузни“ 13 по ред квалификации за нас се најдобри…

СИТЕ ПЛАСМАНИ НА МАКЕДОНИЈА:

1996 – ЕВРО:

  1. МАКЕДОНИЈА 7 бодови

1998 – СП:

  1. МАКЕДОНИЈА 13

2000 – ЕВРО:

  1. МАКЕДОНИЈА 8

2002 – СП:

  1. МАКЕДОНИЈА 7

2004 – ЕВРО:

  1. МАКЕДОНИЈА 6

2006 – СП:

  1. МАКЕДОНИЈА 9

2008 – ЕВРО:

  1. МАКЕДОНИЈА 14

2010 – СП:

  1. МАКЕДОНИЈА 7

2012- ЕВРО:

  1. МАКЕДОНИЈА 8

2014 – СП:

  1. МАКЕДОНИЈА 7

2016 – ЕВРО:

  1. МАКЕДОНИЈА 4

2018 – СП:

  1. МАКЕДОНИЈА 11

2020 – ЕВРО:

  1. МАКЕДОНИЈА 14