Европскиот првак Вардар од почетокот на неделава може да смета и на услугите на десниот бек Даинис Кристопанс, кој по повредата на скочниот зглоб во меч од Регионалната лига пропушти два СЕХА дуели и две средби од Лигата на шампионите.

Летонецот е чувствува добро и ќе му биде на располагање на Едуард Кокшаров заедно со Атман, Горбок, Горпишин… кои исто така беа на листата повредени.

Вардаровите ракометари тренираа комплетни деновиве, а утре во полн состав патуваат за Брест, Белорусија каде в сабота го имаат последното гостување за годинава во групната фаза од најсилното европско клупско натпреварување.

Мечот меѓу Мешков Брест и Вардар се игра в сабота, 17:.30 часот, во салата „Викторија“ во Брест.