Браќата Маркез, Марк и Алекс, следната сезона ќе возат заедно во тимот на Репсол Хонда во МотоГП, но очигледно не и на двајцата тоа им изгледа како добра идеја. Имено, пристигнувањето на Алекс во Хонда може да се толкува како мудар потег за Марк, кој стана шампион оваа година, да потпише продолжување на договорот.

„Мојот колега сега е шампион во Мото 2. Тоа е сон, но јас повеќе би сакал да отидеше во друг тим затоа што тука ќе има голем притисок“, вели Марк.

„Многу возачи не сакаат да возат во Хонда, бидејќи знаат дека нивниот партнер ќе се бори да победи секој викенд“, дополни тој.

Осумкратниот шампион е сигурен дека неговиот брат ќе може да се справи со притисокот и ќе му помогне, но како што вели на моторот и на патеката, Алекс ќе биде сам.