Борусија Дортмунд денеска потпиша нов договор со познатиот бренд за спортска опрема „Пума“ кој ќе важи и во следните девет години, односно до 2028 година. Борусија Дортмунд од 2012 година е во „дил“ со Пума, а спортскиот бренд има и акции во тимот на „милионерите“.

„Веќе подолго време Пума не е само снабдувач и спонзор во Борусија Дортмунд, туку и значаен акционер. Ние би сакале да додадеме уште едно поглавје во нашата заедничка приказна“, рече Ханс-Јоаким Вацке по потпишувањето на договорот.

Се претпоставува дека Борусија ќе заработи 250 милиони евра со овој договор.