Првата градска пресметка меѓу Работнички и МЗТ Скопје која е на програмата во недела ќе можат да ја гледаат сите љубители на кошарката. Иако беше најавено дека нема да има директен пренос, сепак од МТВ денеска излегоа со официјален став.

„Кошаркарското дерби РАБОТНИЧКИ-МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ со ТВ-пренос в недела на Собраниски од 17.55 часот !!!

И покрај тоа што не наиде на разбирање кај клубовите, кои не прифатија да играат вечно дерби во телевизиски „prime time” в сабота од 20 часот, и тоа во склоп на 12-часовен спортски маратон на МТВ-1, Македонската Телевизија вложи максимален ангажман и обезбеди дополнителни технички ресурси за сепак да може да го продуцира овој пренос.

Сакајќи да избегне ситуација како секогаш порано, без никаква вина да биде прогласен за виновник ако го нема дербито на ТВ, Јавниот сервис стори се пошироката јавност да го гледа најочекуваниот кошаркарски натпревар кај нас.

Сепак, уште отсега ја најавуваме можноста, токму поради некооперативноста на најголем дел од клубовите во однос на закажувањето на термините, најинтересните натпревари од домашното првенство да ги нема на телевизиските екрани“, се огласи главниот уредник на спортската редакција на МТВ, Драган Николовски.