Лука Дончиќ вио дресот на Далас бележи просек од 29,9 поени, 10 скока и 9,4 асистенции по натпревар. На вчерашниот меч против Голден Стејт постигна 35 поени, 11 асистенции и 10 скока и постави нов рекорд во НБА-лигата.

Иако од меч во меч е незапирлив, сепак е скромен.

„Слушнав дека водат статистика за мене“, беше првата реакција на Дончиќ, кој имаше краток коментар за МВП признанието, награда која многумина мислат дека треба да добие.

„Најважно е што ги добиваме мечевите, имаме три победи во низа и мора така да продолжиме“.

Дончиќ е рамнодушен и за споредбите со Леброн Џејмс, но и за рекордите кои ги превзема од големите ѕвезди.

„Посебно е, станува збор за големи имиња, многу суперѕвезди. Навистина е посебно“.