Се чини дека Марка, можеби највлијателниот весник во Европа, која е блиска до Реал Мадрид, му пресуди на Герет Бејл. Кој имаше едноставно непримерен потег кога држеше во рака транспарент со кој се навредува неговиот актуелен клуб, најголемиот во светот.

Токму затоа уредниците на мадридскиот весник денеска на насловна ја ставија сликата на Бејл со транспарентот и на целата насловна напишаа…

„Герет Бејл? Без респект. Погрешен. Неблагодарен. По тој редослед“.

И со право ако се знае дека за Бејл „кралевите“ пред пет години платија повеќе од 100 милони евра отштета, дека годишно зема 17 милиони евра, но и дека никогаш не го даде во најголема мерка целосниот придонес во успесите на Реал Мадрид.