Жозе Мурињо од вчера и официјално е нов тренер на Тотенхем. По пауза од година дена, Португалецот се врати на својата работа, а во лондонскиот тим доаѓа на местото кој Покетино, кој доби отказ по пет години минати во клубот.

Англиските медиуми веќе составија листа на играчи кои може да ги донесе Мурињо, но тоа нема да се случи.

Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви уште за време на преговорите го известил Мурињо дека нема да има пари за засилувања во јануарскиот преоден рок.

Единствено ветување кое Леви му го дал на новиот стратег е дека нема да го продаде Хари Кејн.

Мурињо потпиша договор на три години, годишно ќе заработува 15 милиони евра,