Бразилскиот напаѓач Нејмар продолжува да го лути тренерот на Пари Сен Жермен Томас Тухел. Бразилецот летнал во Мадрид за да гледа тениски меч од Дејвис купот. Тој е повреден и се очекува да се врати на терените во петок кога тимот игра против Лил, а веќе во вторник ќе се соочи со Реал Мадрид.

„Нормално дека сум лут. Но што да правам? Не сум му татко. Не сум ни полицаец да го барам. Јас сум му тренер. Тој добро работеше на вчерашниот тренинг. После тоа тој заминал во Мадрид. Нормално дека не сакам кога играчите си дозволуваат да прават што сакаат без мое знаење, но истовремено пробувам да не се нервирам. Сакам да се фокусирам на работата. Се надевам дека ќе биде со нас на утрешниот меч“, изјави Тухел кој освен на Нејмар нема да смета на Верати, Ерера и Мбапе поради повреди и болест.