Откако синоќа објавивме дека Зоран Кастратовиќ поднесол оставка на позицијата тренер во РК Металург, попладнево стигнува информација дека истата не е прифатена. На состанокот на кој учествувале претседателката Зорица Блажевска и првиот човек на клубот, Минчо Јорданов, оставката на Кастратовиќ не е прифатена и тој ќе остане и во иднина да го предводи тимот од Автокоманда.

Кастратовиќ добил полна поддршка од управата на Металург со ветување дека доколку во иднина се појави недисциплина меѓу ракометарите, клубот и тренерот ќе преземат дополнителни санкции.